ВМРО – ДПМНЕ: Народот знае кој ги брани неговите интереси

Народот гледа, народот знае кој ги брани неговите интереси. Казната за СДСМ е се поблиску. СДСМ не е иднината на Македонија и тоа на сите во СДСМ им е јасно како ден, се вели во соопштението на владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ е во депресија бидејќи и покрај големиот напор сепак не успеа целосно да ја блокира препораката на Европската комисија за Македонија. Симптомите на депресијата може да ги видат сите медиуми кои ги добиваат нивните конфузни соопштенија.

СДСМ ги вложи сите ресурси за да го закочи развојот на земјата, меѓутоа не успеа. По седми пат поради работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ја добива препораката.

Симболот на корупција во Македонија е СДСМ. 200.000 луѓе кои СДСМ ги исфрли на улица и живееја со нула денари на ден тоа добро го паметат. ВМРО-ДПМНЕ досега има отворено повеќе од 140.000 нови работни места. 1500 нови ќе се реализираат во Струмица, градот на Заев во кој тој ветуваше 3000 вработувања, а оствари НУЛА.

Дното на странски инвестиции е уште едно име за СДСМ. Бројот на странски инвестиции во нивно време е чиста и огромна нула. Затоа депримирачки им делуваат 50-тината странски инвестиции во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Кочничар на иднината на Македонија е само СДСМ. Но обидот Македонија да ја загуби препораката им заврши неуспешно. Истото ги очекува и на изборите во април.

Народот гледа, народот знае кој ги брани неговите интереси. Казната за СДСМ е се поблиску. СДСМ не е иднината на Македонија и тоа на сите во СДСМ им е јасно како ден.