ВМРО-ДПМНЕ: Народот е строго против измислиците од Фабриките за афери на СДСМ

Но и стотиците часови за пропагандата на СДСМ на телевизиите и илјадниците нарачани текстови не се доволни за да се манипулираат граѓаните. Прочитана книга е СДСМ. Нивните обиди сто пати да кажат лага која треба да стане вистина не проаѓаат. Рејтингот им тоне, бидејќи народот е строго против деструкцијата и измислиците од Фабриките за афери на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Непринципиелното и неизбалансирано информирање на оние медиуми кои ги поддржуваат вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжува со несмален интензитет.

ТВ 24 Вести и ТВ Телма вчера во еден блок на централните вести и дебатни емисии им доделија 7.852 секунди на тезите базирани на манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ, односно за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Во мај СДСМ доби повеќе од 50 часа за својата пропаганда во само еден програмски појас на две телевизии. Оваа бројка е неколкукратно поголема кога ќе се земат предвид сите информативни блокови во текот на денот. Од почетокот на јуни СДСМ доби 47.071 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии за ширење на своите лаги и манипулации.

Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно работеа со стотици нарачани текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Такво е избалансираното новинарство според СДСМ – да имаат на располагање илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.

Но и стотиците часови за пропагандата на СДСМ на телевизиите и илјадниците нарачани текстови не се доволни за да се манипулираат граѓаните. Прочитана книга е СДСМ. Нивните обиди сто пати да кажат лага која треба да стане вистина не проаѓаат. Рејтингот им тоне, бидејќи народот е строго против деструкцијата и измислиците од Фабриките за афери на СДСМ.

Кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, ќе биде казнет жестоко од граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.