ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе ги одбере оние кои му овозможуваат да работи

На 24-ти април народот ќе ги одбере оние кои му овозможуваат да работи, наместо оние кои го бркале од работа и лажеле дека ќе вработат по еден од секое семејство, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

684 затворени индустриски капацитети.

200.000 граѓани исфрлени на улица со нула денари на ден.

Нула странски инвестиции во Македонија.

Стотици милиони евра кредитни задолжувања кои ги плаќаме и ден денес, пари за кои СДСМ од Македонија направи меморијален дом на нулата како симбол за нивното работење.

Ова се бројките на СДСМ.

СДСМ ги боли затоа што домашни компании во Македонија се отвораат секојдневно и тоа благодарение на политиките што ги презеде оваа Влада како што се ниските даноци и намалените социјални придонеси.

Ова се мерките на ВМРО-ДПМНЕ.

Се воведоа посебни даночните заштеди кај малите и микро бизниси, кои се ослободија од оданочување доколку остварениот вкупен приход во годината е помал од три милиони денари.

Од самиот почеток оваа Влада воведе повластени стапки на ДДВ во делот на градежништвото, здравството, медицината. Се воведе повластена стапка на ДДВ од 5% за лекови, медицинска опрема и помагала, компјутери, термални сончеви системи и компоненти, превоз на лица, софтвер, јавна чистота и отпремување на отпад, вода за наводнување, станови, земјоделска механизација, сурово масло и хотелски услуги.

Се скрати царинската постапка, се овозможи фирмите да можат да откупат државно земјиште по едно евро почетна цена на јавна лицитација.

Се донесоа бројни мерки меѓу кои и последните како „Македонија вработува“ со кои фирмите дополнително заштедуваат. Полека се приближуваме до 10.000 вработени со оваа мерка.

Вкупно, оваа Влада е директно одговорна за отворање на повеќе од 140.000 нови работни места.

Фирмите заштедуваат десетици илјади евра па отвараат нови погони и се прошируваат.

Тоа е реалноста.

Реалност се и 149-те дена до изборите. На 24 април народот ќе ги одбере оние кои му овозможуваат да работи, наместо оние кои го бркале од работа и лажеле дека ќе вработат по еден од секое семејство.