ВМРО-ДПМНЕ: Народот знае кој е СДСМ и што има да понуди

Народот знае кој е СДСМ и што има да понуди. Затоа рејтингот им е катастрофален бидејќи наместо програма и проекти, партијата се потпира само на Фабриката за афери, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

СДСМ има уплав од изборите кои ќе се одржат на 24 април.

Сите во СДСМ знаат дека за 92 дена ќе дојде неизбежниот крај на партијата која наместо програма и проекти има да понуди само деструкција и се служи со провидни манипулации кои не проаѓаат кај народот.

Народот знае кој е СДСМ и што има да понуди. Затоа рејтингот им е катастрофален бидејќи наместо програма и проекти, партијата се потпира само на Фабриката за афери.

Владимир Пешевски е дел од најуспешната влада во Република Македонија.

Учествувал во проектите и мерките поради кои отворени се повеќе од 150.000 нови работни места низ целата држава. Благодарение на политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ и континуираното подобрување на бизнис климата, во Република Македонија влегле повеќе од 50 директни странски инвестиции. Повеќе од 800 милиони евра се вложени во земјоделието како субвенции. Покачени се платите, пензиите, социјалните трансфери. Стотици и стотици милиони евра се инвестирани во здравството, во новите училишта, во нови патишта, во водоводи и канализации низ цела Македонија. Ова се фактите и бројките кои ги знаат сите. Ова се бројките на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ наместо да понуди програма и да се натпреварува со идеи, се реши да делува деструктивно и манипулаторски.

Затоа СДСМ ќе биде казнет на денот кој се ближи се повеќе и повеќе. Само 92 остануваат до 24 април кога народот 10-ти пат по ред ќе ја достави својата пресуда до СДСМ.