ВМРО-ДПМНЕ: Нaвредите на нацоионална основа од СДСМ се срамно однесување

Вчера во Собранието на Република Македонија се случи тежок вербален инцидент и напад од страна на пратеник од пратеничката група на СДСМ со кој на национална основа беше навредена пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со овој напад не е навредена само пратеничката Нола Исмајлоска Старова, туку директно се навредени повеќе десетици илјади наши сограѓани кои се Македонци со исламска вероисповест.

Ваков напад на нацоионална основа, вакво срамно и потценувачко однесување од страна на пратеник никогаш не се случило во Собранието на Република Македонија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од овој дрзок напад врз чуствата на повеќе десетици илјади наши сограѓани Македонци со исламска вероисповест од страна на пратеник од пратеничката група на СДСМ.

Пратеничката група на СДСМ вчера не се огради од својот пратеник. СДСМ и нивниот координатор не најде сили и не собра храброст да се извини за недоличното однесување на пратеникот кој припаѓа на нивната пратеничка група во Собранието.

Ваквите и слични постапки и однесувања на пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Македонија се одлика на 19-тиот век. Навредата на националните чувства на еден пратеник и на повеќе десетици илјади наши сограѓани Македонци со исламска вероисповест ги рушат сите етички, морални и човечки стандарди за работа и функционирање на Собранието во Република Македонија. Бараме од СДСМ јасно и јавно да се огради од постапката на нивниот пратеник, во спротивно ќе сметаме дека тие го насочиле вака да настапува и да навредува.

Зачудени сме тоа што сите пратеници од пратеничката група на СДСМ немо го одмолчеа и не се одважија да реагираат на директните навреди кои ги упати нивниот колега кон повеќе десетици илјади граѓани на нашата држава кои се Македонци со исламска вероиспест.

Ние, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ укажуваме дека во Собранието на Република Македонија имаме обврски да работиме во корист на граѓаните, да имаме дебати, да спротивставуваме аргументи и да нудиме решенија за доброто на сите граѓани на нашата држава, а не да се занимаваме со навреди, омаловажувања и потценувања, се вели во реакцијта на ВМРО-ДПМНЕ