ВМРО- ДПМНЕ: Не ја прифаќаме логиката на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ не ја разбира и не ја прифаќа логиката по која денеска одлучуваше Државната изборна комисија (ДИК) во однос на иницијативата на СДСМ за наводно предвремено почнување на изборната кампања на кандидатот за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ја разбираме и не ја прифаќаме логиката што ја поддржале претставниците на СДСМ и останатите политички партии во ДИК, а која логика вели дека политичарите не треба и не смеат да дадат отчет за сработеното. Ова е очигледно заради тоа што другите партии и кандидати немаат со што да дадат отчет пред граѓаните. СДСМ очигледно се уплаши од отчетноста. Впрочем и што би правеле друго, дали тие сами би сакале да дадат отчет за својата работа во минатото? Што би кажале? Дека затворија 684 фабрики, дека избркаа од работа 200 000 луѓе, дека ги намалија пензиите? Ќе се пофалат ли дека направија штетна територијална поделба на државата?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат каков отчет ќе даде нивниот кандидат за Претседател?

„Дека бил Претседател на ДИК на избори на кои фалсификувано, па и според меѓународните извештаи, беше избран Црвенковски за Претседател? Ќе се пофали ли кандидатот на СДСМ дека аминувал територијална поделба и дека советувал предлози за името кои ги лиферуваше Црвенковски во минатото? Затоа СДСМ се плаши од отчет. Затоа тие не сакаат да дадат отчет“, стои во партиската реакција.

Тие би биле среќни, стои подолу во реакцијата, политичарите никогаш да не треба и да не мора да даваат сметка за својата работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.