сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 9

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го поддржиме непрофесионалното и необјективното работење на СЈО

Се што беше договорено меѓу четирите партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која што СДСМ ја втурна државата, се нведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро

Последни вести

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наведува денеска во соопштение владејачката партијата.

– Се што беше договорено меѓу четирите партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која што СДСМ ја втурна државата. Круна на тој договор се изборите на 11-ти декември на кои граѓаните ќе одбираат меѓу просперитет и проекти, а од друга страна политика на деструкција, манипулација и криза, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот меѓу партиите, посочуваат од партијата, подразбираше и формирање на СЈО кое ќе има рок од 18 месеци за да отпочне истраги за предметите за кои ќе има дури и најмал сомнеж.

– Партиите консултираа експерти и се договорија за сите детали, почнувајќи од Буџетот, па се до кадровското екипирање. ВМРО-ДПМНЕ се согласила на формирање на ваква паралелна институција затоа што, како што стои, „знаевме дека вистината е на наша страна и дека ова време е доволно за во законска процедура да излезат на виделина сите манипулации на лидерот на СДСМ Зоран Заев“.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на СЈО.
Нема ништо разумно во тоа што Катица Јанева избрка две обвинителки со образложение дека немала потреба од нив заради обемот на работа и што со месеци го чекаше Зоран Заев да и ги предаде незаконските материјали. Во сиот период таа ниту еднаш не го обвини за попречување на работата на СЈО, а материјалите ги доби откако го ослободи од притвор Зоран Верушевски, чија сопруга за тоа му се заблагодари на Заев, се наведува во соопштението.

Според партијата, нема ништо разумно да одложувате едно рочиште за цел месец заради свадба или приватни обврски, а за вашата работа земате огромна плата од државата, и да настапите како политичар и да барате нешто од Собранието, а истовремено го прогласувате за нелегитимно и знаете дека Вие не сте Суд туку само странка во постапката која ќе треба да ги докажува своите сомнежи.

Најчитани вести