сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

ВМРО – ДПМНЕ: Нема дно кое СДСМ не може да го допре и продлабочи

vmro-dpmne

Поврзани вести

Нема дно кое СДСМ не може да го допре и продлабочи. Нема срам кој СДСМ не може да го оттргне од својот образ и да продолжи да се обидува да погази врз се што е направено, се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ го упати во јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Доколку СДСМ се интересира за школски примери на политичка злоупотреба на деца, треба уште веднаш да се обрати до нивниот коалициски партнер Андреј Жерновски и Општина Центар.

Жерновски тргна да го уништува ОУ „11 Октомври“ по цена на целосно руинирање на угледот на училиштето и загрозување на капацитетите за образување на децата.

Жерновски отиде до таму што преку неговите послушници почнаа да ги плашат децата со киднапирања во училиштето, но и со омаловажувања на родителите дека ниту еден од нив не го пријавил киднапирањето на сопственото дете во полиција.

Нема дно кое СДСМ не може да го допре и продлабочи. Нема срам кој СДСМ не може да го оттргне од својот образ и да продолжи да се обидува да погази врз се што е направено.

Тоа што СДСМ не може да го разбере е дека одговорна локална власт ја интересира мислењето на граѓаните за кои работи. Во Општина Аеродром ниту некој помислил, ниту некој злоупотребувал деца за политички цели. Да, нивните родители имаат право на мислење и треба да ги кажат своите идеи, сугестии и критики за работењето на општинските власти. Концепт кој за СДСМ е несфатлив.

Затоа на СДСМ ќе му биде дополнително објаснето од истите тие граѓани по десетти пат на 24 април.

Повторувачите може да ја научат лекцијата само на таков начин.

Најчитани вести