Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нафта за кумановските училиштата, поради неодговорноста на Дамјановски децата седат дома

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нафта за кумановските училиштата, поради неодговорноста на Дамјановски децата седат дома

Во продолжение следува интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Одговорна општина не смее да дозволи договорот за набавка да истече, а во меѓувреме да не го продолжи со нов и на крај децата на минусни температури да слушаат часови во незатоплени простории.

Загрижени родители интервенирале кај директорите, но сепак залудно. Градоначалникот не е во општина, а децата и општинарите во Куманово се препуштени сами на себе. Училишните простории неколку дена не се доволно затоплени што може повторно да го интезивира ширењето на грипот.

Денес се набавени и интервентни седум тона нафта, но сепак срамот и неодговорноста не се забораваат туку така. Децата ќе треба да го надоместат пропуштеното со часови и во неработни денови.

Општината се повеќе и повеќе се глави во проблеми и скандали и се повеќе на граѓаните им станува јасно дека градоначалникот и неговата елита не се способни да раководат со овој град.

Му порачуваме на градоначалникот дека Куманово не е рулет, па да го врти како сака. Среќата, но и поддршката на граѓаните не се веќе на ваша страна.