ВМРО-ДПМНЕ: Нема разговори со Заев за министерски места, нема компромис со нашите ставови за неподдржување на капитулантскиот договор

Очигледно откако не и успеа на власта да биде вовлечена ВМРО-ДПМНЕ во насилни смислени сценарија кои би го делегитимирале противењето на овој договор, таа се фокусираше на измислени лажни вести. Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места во владата, а за возрат на тоа да има успешен референдум. Се работи за комплетна невистина и груба дезинформација, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ на вест објавена на порталот Журнал – „Договор помеѓу Заев и Мицкоски за 4 министерски места, а за возврат поддршка за референдум“.

Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прави компромис со своите принципи, уверувања и јасни ставови. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува капитулантскиот договор со кој се предвидува смена на Уставот, бришење на зборот Македонија и смена на идентитетот и сите свои идни активности на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во насока на потврда на оваа наша позиција за неподдршка на договорот, се вели во демантот.

 

Секогаш кога Зоран Заев нема да може да го испорача ветеното приоѓа кон манипулации и кршење на законите. Единствени соучесници во целата операција се сите оние потпалувачи, спотери кои прават се за да виновникот за сето ова не биде Зоран Заев и Димитров префрлајќи одговорност и разводенувајќи ја суштината на дебатата, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.