Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема влез во НАТО и ЕУ со политички затвореници

ВМРО-ДПМНЕ: Нема влез во НАТО и ЕУ со политички затвореници

Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеници, режисери, доктори и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права. Судот треба под итно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски. Овој монтиран процес ќе остане запамтен во историјата на Македонија како срам и показател како не треба да функционира правосудството“, се наведува во соопштението.

Од партијата се децидни дека правосудството мора да ја врати Македонија на вистинскиот пат и дека нема влез во НАТО и ЕУ се додека има политички затвореници во затворите низ Македонија.