ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорно и несовесно е СДСМ хеликоптерската несреќа да ја става во ваков низок дневно политички контекст

„СДСМ државата ја остави со рекордни 38% невработеност. Со огромно ниво на сиромаштија, со распродадено електростопанство, со високо ниво на корупција 105 место во светот, со повеќе од 200.000 армија стечајци кои произлегоа од криминалната приватизација што ја направи оваа партија и со која се присвои државен имот од 5 милијарди евра, со намалени пензии од 8%, без субвенции и било каква поддршка на земјоделието и во целосно безнадежност и агонија.“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивната реакција.

„СДСМ да не ги манипулира граѓаните не постои никакво поскапување на патарините туку станува збор за престанување на важноста на антикризната мерка која Владата ја воведе за  време на светската и европската криза со која привремено како ослеснување за граѓаните имаше намалени патарини.“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа партија денес зборува за покачени патарини чие враќање на ниво пред кризата и пред антикризните мерки во 2009 сеуште не е повисока од цената на патарините во времето на СДСМ и во време кога во европа и светот немаше криза.

Одлуката за патарините е донесена 5-6 дена пред хиликоптерската несреќа, но во службен весник е излезена подоцна од нормални процедурални причини (секоја одлука излегува во службен весник помеѓу 3-4 до 10 дена подоцна).

Неодговорно и несовесно е СДСМ  хеликоптерската несреќа да ја става во ваков низок дневно политички контекст.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.