Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на непринципиелното информирање на дел од медиуимите

Нема крај на непринципиелното неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и неаргументирано го напаѓаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Нема крај на непринципиелното неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и неаргументирано го напаѓаат.

Извозот од индустриските зони бележи континуиран раст и во првите три месеци извозот на странските компании од зоните изнесува 429 милиони евра и бележи раст од 33 проценти, но ова не беше доволно интересна вест за 24 Вести и Телма.

Но затоа тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа на ТВ Телма во 3830 секунди од нивните централни вести и дебатни емисии, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 4298 секунди во еден блок на централни вести и дебатни емисии.

Само на овие две телевизии пропагандата на СДСМ беше застапена со вкупно 8128 секунди во само еден појас на информативни програми, односно неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.

Во март тезите на СДСМ базирани врз нивните лаги и манипулации добија простор од 146.850 секунди во еден програмски појас на две телевизии, додека од почетокот на месец април за иста намена во овој програмски блок на СДСМ му се ослободени 27.801 секунди. Ваквите телевизии според извештаите на СДСМ се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на СДСМ за кои Заев бараше драконски казни и одземање лиценци.

Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно работеа со нарачани текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Такво е избалансираното новинарство според СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите. Медиумите кои не се под диктат на Бихаќка веднаш се прогласуваат за политички непријатели.

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.