ВМРО – ДПМНЕ: Нулата е спомен-одбележје на СДСМ

Нулата е спомен-одбележје на СДСМ и кога се во прашање бројот на странски инвестиции во Македонија во нивно време, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ во соопштението до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Празните ливади и големата нула се потпис на СДСМ. Таквите ливади ги има во струмичко, каде нивниот лидер Зоран Заев ветуваше 3 индустриски зони и 3.000 нови вработувања, а реализираше нула.

Сега Заев и СДСМ не може да се помират дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им реализира половина од нивните ветувања, после најавата дека Џонсон Контролс ќе вработат 1.500 струмичани. Нулата е спомен-одбележје на СДСМ и кога се во прашање бројот на странски инвестиции во Македонија во нивно време.

И тогаш кога имале можност да донесат гиганти, личниот интерес преовладал над државниот. Затоа СДСМ не може да се помири со работата на ВМРО-ДПМНЕ и резултатите кои Македонија ги има на ова поле.

Повеќе од 140.000 нови работни места, повеќе од 50 директни странски инвестиции во многу градови во земјата. Тоа се бројките поврзани со инвестициите благодарение на работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

До изборите на СДСМ му останува да одбројува: 152 дена до неизбежниот пораз кој во потврдуваат сите можни бројки. 24:12 е соодносот во корист на ВМРО-ДПМНЕ според последните анкети на терен. 24 април е се поблиску кога народот по десетти пат по ред ќе ги казни лагите и манипулациите на СДСМ.