среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ обелодени огромен скандал во кој е вмешан градоначалникот на општина Куманово Дамјановски

Ова што денес ќе и го соопштиме на јавноста е огромен скандал во кој е вмешана општината Куманово и нејзиниот градоначалник Зоран Дамјановски, истакна на денешната прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

zoran-gjorgievski-640x360

Последни вести

Ова што денес ќе и го соопштиме на јавноста е огромен скандал во кој е вмешана општината Куманово и нејзиниот градоначалник Зоран Дамјановски, истакна на денешната прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата:

Ова е скандал од кој ќе се види дека дури и еден Зоран Заев со сите афери и криминали зад себе, кога станува збор за организирање на превозот на ученици изгледа како помал престапник и прекршител на законот, во споредба со сомнежите кој упатуваат на огромен криминал во Куманово кој централен лик е градоначалникот Зоран Дамјановски.

Бројките кој денес ќе ги соопштиме и со кои ќе отвориме дилема за отворен грабеж кој се случува на кумановчани изгледаат фрапантно.

Ако општина Битола и градоначалникот Владе Талевски организирале превоз на ученици кој во просек чини 4.2 денари по километар, согласно информациите со кој располагаме просечната цена на чинење во општина Куманово по изминат километар изнесува неверојатни 2.741 денар по изминат километар. Повторувам, 2.741 денар во Куманово, наспроти 4.2 денари по километар кој се плаќа во една Битола. Или ако ова е точно, тоа значи дека Кумановчани под раководство на Зоран Дамјановки од СДСМ плаќаат превоз на ученици кој е поскап за 652 пати споредено со Битола, повторувам она што Битолчани го плаќаат по една цена, Кумановчани за истата услуга под раководство на Дамјановски плаќаат 652 пати поскапо.  Ова е силен индикатор за огромен грабеж на граѓаните. Ваков случај кој отвора сомнежи за дрзок, безочен и мегаломански криминал досега Македонија не видела. Зад плаштот за превоз на ученици да се организира систем на енормно преплатување на услугата, и сето тоа платено со парите на Кумановчани.

Алибото кое Дамјановски го користи за ваквото дрско разграбување и преплаќање е дека во цената на децата им е вклучен целодневен билет кој учениците можат да го користат за едукативни цели односно за посета на курсеви, тренинзи доедукација и унапредување на знаењата, што е во спротивност на законот за средно образование, и членот 41 а кој кажува дека бесплатниот превоз се организира за дестинација до училиштето во кое се образува ученикот. Токму ова Дамјановски го користи да ја прошири услугата и на тендерите да се качуваат цени кои потоа ги добива фирма која низ Куманово е познато дека е блиска до СДСМ.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека Битола плаќала јавен превоз поскап од Токио, аналогно на ова, Зоран Дамјановски плаќа во Куманово поскап превоз и од Токио, од Њујорк, Лондон и од други десетина светски метрополи заедно.

Исто така мега скандалот со преплатениот превоз во Куманово е најдобар показател за политичките хајки кои се прават од страна на СЈО против Битола и Владе Талевски, додека во Куманово се молчи.

Сега е јасно каде одат парите на Кумановчани и зошто опшината Куманово нема ниту основни услови за живот.

Апелирам до Основното јавно обвинителство до сите надлежни државни институции да го проверат работењето на Зоран Дамјановски и целосно да го испитаат сомнежот за огромен криминал во општината. За да се направи тоа има 652 причини, или исто толку колку што Дамјановски плаќал за превоз поскапо од една Битола.

Најчитани вести