Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обидот на СДСМ да ја наруши финансиската стабилност е класичен акт на финансиски тероризам

Обидот на СДСМ да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови е класичен акт на финансиски тероризам од страна на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата дружина врз граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Обидот на СДСМ да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови е класичен акт на финансиски тероризам од страна на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата дружина врз граѓаните на Република Македонија.

СДСМ стори уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава.

СДСМ се обиде да упадне во финансискиот систем со намера да спречи инвестиции во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите послушници, годинава веќе им нанесоа штети тешки милиони евра на македонските граѓани преку ширење на лаги за наводна девалвација на денарот. Свесно креираа паника и ги натераа граѓаните без постоење на објективни причини да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни средства на име на камати.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно без никаква причина, со ширење на лаги се обидува да и нанесе штета на Република Македонија и преку пласирање на дезинформации за еврообврзницата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не го интересира ниту Република Македонија, ниту просперитетот на граѓаните. Зоран Заев го интересира само заштитата на криминално стекнатото лично богатство. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите послушници продолжуваат да работат според мотото „колку полошо за Република Македонија и нејзините граѓани, толку подобро за СДСМ“.

Република Македонија е посилна и ќе ја надмине и оваа нова деструктивна епизода на Зоран Заев. Тој и неговите послушници ќе ја добијат сметката од граѓаните на наредните избори за ваквото финансиско насилство врз државата.