ВМРО-ДПМНЕ објави документи: Шилегов фатен на дело, со кирии ја надминал и Шекеринска

СДСМ и Петре Шилегов се однесуваат крајно бесрамно и дрско. Фатени се на дело, а тие молчат и се обидуваат со манипулација да избегаат од одговорноста, изјави на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

-Шилегов не само што добива 700 евра од неидентификуван извор за имот кој никаде не постои, туку како што можеме да видиме има и 4 фирми кираџии во неговиот стан на  Булевар Кузман Јосифовски Питу 19/5-4 Скопје. Тој за овие 4 фирми, од кои две не се во негова сопственост, не приложува никаков договор за закупнина, а уште помалку има пријавено дека добива кирија од истите. Што криете господине Шилегов? Фатени сте на дело и редно е да и дадете одговори на јавноста, рече Стојкоски.

На прес конференцијата беа изнесени повеќе документи, со кои од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги поткрепуваат ваквите тврдења. Имено, како што беше речено, станува збор за документи кои потврдуваат дека дури 4 фирми се пријавени во еден стан во сопственост на Петре Шилегов.

Прва фирма, Акционерско осигурително брокерско друштво Нов осигурителен брокер Скопје, со седиште на булевар Кузман Јосифовски Питу бр 19/5-4 Скопје. Еден од членовите на одборот на директори, на оваа фирма е и Петре Шилегов.

nov osiguritelen broker

Втора фирма, Адвокатско друштво Шилегов и партнери,  повторно со седиште на булевар Кузман Јосифовски Питу бр 19/5-4 Скопје. Еден од сопствениците и на оваа фирма е Петре Шилегов.

nov osiguritelen broker 2

Стојкоски посочи дека ова се двете фирми кои не се во сопственост на Петре Шилегов, чие седиште е во неговиот стан, а за кои тој не и објаснува на јавноста дали има склучено договор за закупнина и дали добива пари.

silegov i partneri

-Третата фирма е Блек Стоун Холдинг ДООЕЛ, внимавајте, повторно со седиште на булевар Кузман Јосифовски Питу бр 19/5-4 Скопје. Сопственик на оваа фирма е извесно лице со адреса на живеење во Абу Даби! Да прашаме г-не Шилегов во ваш стил, како баш од Абу Даби фирмата дошла за кираџија токму во вашиот стан, праша Стојкоски.

urban solutions

Четвртата фирма е Урбан Солутионс ДООЕЛ увоз извоз Скопје верувале или не со седиште на булевар Кузман Јосифовски Питу бр 19/5-4 Скопје.  Сопственикот пак на оваа фирма е лице со адресан на живеење во Љубљана!

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Шилегов дури и ја надминал Радмила Шекеринска со кириите и побараа Шилегов да излезе и да почне да дава одговори. Дали има договор за закупнина со овие фирми? Колку пари добива на име кирија од овие фирми и зошто тие не се пријавени во Анкетниот лист? Дали со вакви непријавени пари успеал да стекне богатсво од скоро 1 милион евра? Оттаму потсетуваат дека непријавување на овие податоци  е казниво дело.