ВМРО-ДПМНЕ: Очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Заев добиваат свое финале

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упатено во јавноста ја поздрави одлуката на Централниот одбор на СДСМ и децидно потцрта дека конечно очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале.

„Тоа е очекувано. Многупати и досега СДСМ држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, ни се заканувале, не вреѓале, употребувале насилство и кажувале дека сме нервозни и уплашени. Се удирале во гради создавајќи лажни еуфории и слични површни работи. Еве овојпат сите треба да се еуфорични зошто нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес, но после секоја ваква ситуација се подлабоко потонувале“, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција.