недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 16

ВМРО – ДПМНЕ: Одговорот за невидената политика на СДСМ ќе дојде за 162 дена

vmro-dpmne1_1111

Поврзани вести

Одговорот за невидената политика на СДСМ ќе дојде за 162 дена, ќе биде потпишан од народот и нема да има премислување. Казната за ваквиот дилетантизам и аматеризам на СДСМ им пристигнува на 24 април, порачаа од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

Чади во СДСМ. Во обид колку што можат повеќе да го покријат неверојатниот хаос кој само неискусен и непрофесионален кадар како Оливер Спасовски може да го направи во министерството кое ја гарантира безбедноста на граѓаните на Македонија за само 24 часа, на Бихаќка денеска е како во филм на Луис Буњуел.

Денеска во СДСМ поврзуваат теми како рударство со мода, економија со одбојка, животот на Марс со малите жолти мрави во Кина и произведуваат соопштение по соопштение. Единствено нешто за што не пратија соопштение денес е концертот на Аца Лукас во Скопје за кој веројатно им е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Или можеби пратиле и за тоа, но Спасовски сепак го поништил после неколку минути.

Она на што сосема сигурно не го одговорија од партискиот штаб на Бихаќка во одбрана на својот министер кој направи хаос за само 24 часа во МВР е дали дали Спасовски ќе го врати службеното Ауди во кое се пренесувал хероин.

Портпаролите на МВР од централата на СДСМ на Бихаќка пропуштија да одговорат и зошто Спасовски не се сликал за дипломатскиот пасош како сите граѓани на оваа земја туку барал од неговиот кабинет да се направи фото-студио.

Конечно, од Бихаќка молчат за скандалозното однесување на пишман Оливер кој потпишува по партиски инструкции документи на кои не им го знае значењето, па потоа панично дава нови наредби откако сфаќа дека со својата нестручна брзоплетост и ароганција како потпис на неговата партија, направи вистински хаос во Македонија.

Но, не инсистираме на одговор за овие прашања. Одговорот за ваквата невидена политика на СДСМ ќе дојде за 162 дена, ќе биде потпишан од народот и нема да има премислување.

Казната за ваквиот дилетантизам и аматеризам на СДСМ им пристигнува на 24 април.

Најчитани вести