петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 11

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Грѓаните знаат да споредат што направивме ние, а што СДСМ

Тоа е она што нас не разликува од нив, а денес целосно е пресликано во програмата РЕАЛНО 2017-2020, која топло им ја препорачуваме на сите политички опоненти како главно четиво за тоа како треба да се ветува, реализира за на крај да се даде отчетност, стои во реакцијта.

vmrodpmneohrid

Последни вести

Денешната реакција на СДСМ не претставува ништо друго освен прикажување на нивната политичка слабост која се истакнува преку небулозни тези, изјави и критики во кои не веруваат ни тие самите. Самиот факт што дури после еден ден реагираат на прес конференција укажува на тоа дека добро ја анализирале програмата Реално и сфатиле за значението на капиталните проекти кои се опишани и кои ќе се спроведат од страна на ВМРО ДПМНЕ, реагираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Ваквиот принцип на замајување на јавноста од СДСМ е добро  познат кај сите нас. Граѓаните знаат да направат споредба на нивната со нашата програма и  РЕАЛНО да направат разлика. Разлика не само во обемот  и содржината туку и во значајноста на капиталните проекти. Најголема споредба може да се согледа и во водењето на локалната самоуправа  на град Охрид предводена од ВМРО ДПМНЕ и она што беше период на мрачно сценарио кон градот Охрид во времето на СДСМ во период од осум години. И за крај направете споредба помеѓу се она што прави ВМРО ДПМНЕ во изминативе десет години и она што СДСМ го направи во текот на нивниот мандат каде главен проект им беше приватизацијата на капитални објекти. Тоа е она што нас не разликува од нив, а денес целосно е пресликано во програмата РЕАЛНО 2017-2020, која топло им ја препорачуваме на сите политички опоненти како главно четиво за тоа како треба да се ветува, реализира за на крај да се даде отчетност, стои во реакцијта.

Најчитани вести