ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ упорно продолжува кампања исполнета со лаги и манипулации

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на пресконференцијата на СДСМ во која тие го напаѓаат ЈП Билјанини избори.

„СДСМ упорно продолжува кампања исполнета со лаги и манипулации. И тоа е впечатливо за нив. Но не е јасно како може СДСМ да се дрзнува да го напаѓа ЈП Билјанини извори, Локалната самоуправа и пред се ВМРО ДПМНЕ за одредени решенија на проблематики кои се произлезени токму од нивното владеење со градот Охрид“, се наведува во нивната реакција.

Од владејачката партија пососчуваат дека доволно е само СДСМ да се потсетат во каква состојба го оставија ЈП Билјанини извори како дел од Локалната самоправа додека на чело на ова претпријатие беше нивниот вечен директор и во каква состојба беа паркинг просторите на градот Охрид со кој стопанисуваа нивните бизнис партнери.

„Токму поради тоа, најмалку што можеше да се очекува од СДСМ на денешната прес конференција е да дадат одговор на прашањата кои вчера им беа поставени, а тоа се:

Колку пари заработија нивните бизнис ортаци на сметка на Охриѓани кога наплатуваа паркинзи по 50 денари на час? Дали тие пари завршуваа на сметка на Јавното претпријатие или во приватни џебови?“, се прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека негативниот однос на СДСМ и на нивните сегашни или довчерашни коалициони партнери кон една  благородна современа идеја за приватно јавно партнерство за паркинг просторите на градот Охрид од која најмногу корист покрај граѓаните ќе има и ЈП Билјанини извори и неговата финансиска состојба не преставува ништо друго туку класичен негативизам од СДСМ и непочитување на она што значи потреба за модернизација и современост на нашата Општина.

„Потенцираме дека со новиот систем на наплатување на паркинзите по пат на приватно јавно партнерство сопственоста на паркинзите останува на Јавното претпријатие додека јавниот приватен партнер учествува во правење на софтверски систем, обезбедување на опрема и користење на телефонските линии од операторите“, нагласуваат од партијата.

Но граѓаните, превртливите лаги и манипулации на СДСМ веќе јасно ги препознаваат, а исто така ги препознаваат и јасните определби на ВМРО ДПМНЕ кон она што значи просперитет на Општина Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.