петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 64

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Природниот гас ќе стане достапен за охриѓани

Со гасификацијата се очекува да се намалат трошоците на граѓаните и други економски субјекти за затоплување и користење на топла вода.

15302343_10211366721633339_1030266926_o-640x427

Последни вести

Гасоводот е значаен проект за Република Македонија, но историски  за  градот Охрид. Затоа една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директнодостапен  во домаќинставата, индустријата,малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности , образовните, социјалните дејности,здравствените установи, но и овозможување на негова достапност во секој дом во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

За петтата  изборна единица најзначајна е изградбата на магистралниот гасовод Битола-Ресен-Охрид-Струга и магистралниот гасовод Кичево-Охрид. Со изградбата на оваа делница природниот гас станува достапен и за граѓаните на Охрид, како и за индустриските објекти и населените места во овој регион. Делницата Битола-Ресен-Охрид-Струга е со должина од 70 км чија што изградба треба да започне во 2019 година, а ќе се заврши во 2020 година. Додека со  изградбата на делницата Кичево-Охрид се заокружува примарниот прстен на магистралниот гасовод во Република Македонија кој што ќе биде со должина 48 км, а изградбата треба да започне во 2020 година, а ќе заврши во 2022 година.

За зајакнување на стабилноста во снабдувањето со природен гас на нашата земја ќе се реализираат неколку активности на меѓудржавни водови помеѓу Македонија-Грција, Македонија-Србија, Македонија-Бугарија и Македонија-Албанија.

Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ презема активности за изградба на националниот гасоводен систем паралелно се работи и на изградба на дистрибутивните мрежи на природен гас.Со изградбата на овие дистрибутивни мрежи природниот гас ќе стигнува до секој дом, но и компаниите ќе имаат можност да изберат природен гас како поевтина и еколошки чиста средина. За развој на овие мрежи за природен гас изработена е студија за изводливост во три региони за изградба на дистрибуцијата:Регион 1 (Скопски)во кој се опфатени 17 општини ; Регион 2 ( Источен) опфатени се 36 општини и Регион 3 (Западен) опфатенисе 26 општини.

Корисниците кои преку дистрибутивните системи би се снабдувале со природен гас се поделени во три категории: Домаќинства во индивидуални станбени објекти, Домаќинства во колективни станбени објекти, Објекти  од комерцијалниот иуслужниот сектор и објекти од индустријата.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ нуди мерки за субвенционирање и кредитирање на идните потрошувачи на овој енергенс. Субвенционирањето се планира да се одвива преку намалување на царински давачки, данок, мерки за стимулација за градба и користење во детски градинки, училишта, факултети и други јавни установи. Додека пак кредитирањето за воведување на природниот гас би се реализирало преку исплата за инсталациите за системот за довод на природен гас преку самата потрошувачка на истиот.

Со гасификацијата се очекува да се намалат трошоците на граѓаните и други економски субјекти за затоплување и користење на топла вода.

ВМРО ДПМНЕ  е политичка опција која што се грижи и залага за подобрување на стандардите на нашите граѓани со тоа што во програма од 500 страници наречена РЕАЛНО ветува и остварува проекти за секојдневните потреби на граѓаните. Граѓаните знаат РЕАЛНО да направат разлика и да препознаат кој неуморно работи и остварува проекти,а кој лажно ветува и затоа на 11ти декември граѓаните ќе излезат и ќе ни ја дадат поддршката со заокружување на бројот 1.

Најчитани вести