ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата треба да сфати дека проблемот е во нив

„НСДП е партијата која за лидер го има вечниот политичар кој е рекордер по тоа што никој не памти дека тој зад себе има мерка во полза на граѓаните. Личност која е позната по тоа што е поголем грк од грците, познат и проверен неработник. Ако не се шлепа со поголема партија убедени сме дека дури ни неговата вечна сенка Горан Мисовски нема да гласа за него.“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Опозиционите партии од коалицијата на СДСМ сака да ја убеди јавноста дека Груевски купува луѓе со субвенции со поголеми плати и пензии и слични придобивки. Со тоа освен што ги потценуваат  и навредуваат луѓето упатуваат и порака дека тоа не треба да се прави, не треба субвенции, плати, пензии, училишта, спортски сали, медицинска опрема, патишта, нови фабрики, мерки за вработување, со еден збор не се потребни проекти зошто на тој начин се поткупуваеле луѓето. Според овие партии Владата на треба да прави ништо во полза на граѓаните.“, се вели во реакцијата.

„Со ова размислување се обидуваат и да си го оправдаат своето неработење и немањето ни еден единствен проект на нивните раководства од деведесетите па се до денес. Овие луѓе Тито Петковски, Ристо Пенов, Петар Гошев, Радмила Шекеринска, Бранко Црвенковски, Зоран Заев и останатите не работеле кога биле во владата само за да не помисли јавноста дека со проекти сакаат да ги поткупат граѓаните. Признаваме ова е многу интересен пристап кој сигурно ќе биде анализиран од некои од светските политички институти.“, стои понатаму во текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се однесува до препораката цела јавност знае дека ако ја изгубиме тоа ќе биде поради незрелото однесување на опозицијата. Впрочем тоа го кажа и еврокомесарот со пораките да се вратат во Собранието.  Инаетот и детското однесување зошто не можат да победат на избори односно заради нивниот пораз од над 200.000 разлика ќе биде причината за губење на препораката. Тоа што Тито Петковски и останатите не можат да сфатат е дека нема ниту една причина зошто народот би гласал за нив. Тие немаат претходно дело, програма, кадар, стоење до збор или принципи, нема ништо од ова.

Токму  ова е основата на нивната деструктивна реакција која остава можност за губење на препораката, тие треба да сфатат конечно дека проблемот е во нив, а не во народот. “, стои во текстот на реакцијата по повод соопштенијата на опозиционите партии. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.