ВМРО-ДПМНЕ: Опседнатоста на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски нема да им помогне на граѓаните

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да им помогне на Ибраимовски, Шапуриќ и Марко да донесат нови инвестиции, како тоа што го правеше тимот на ВМРО-ДПМНЕ кој донесе стотици инвеститори.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да помогне да падне невработеноста, како во време на ВМРО-ДПМНЕ кога таа од речиси 39% падна на 22.9%.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да отвори нови работни места, како што ВМРО-ДПМНЕ успеа да отвори околу 170.000 нови работни места.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да донесе подобрување на инфраструктурата, како што ВМРО-ДПМНЕ успеа да отпочне и приведе кон крај градба на три автопати и десетици делници, регионални и локални патишта.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да донесе ниту нови болници, ниту нови училишта, ниту нови градинки, ниту нови водоводи.

Оваа опседнатост на СДС само може да доведе таа да стане патолошка.

Граѓаните очекуваат СДС да се ослободат од гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и да почнат одговорно да работат за да го реализираат тоа што го ветуваат. Народот од СДС очекува минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плати за доктори од 100.000 денари, 13 плата во секое семејство, вработување на секој завршен студент, изградба на 500 километри нови автопати и слично.

Граѓаните не очекуваат СДС да го троши времето на укинувања, рушења и поништувања. Граѓаните најмалку од се очекуваат СДС да се вади и да бара алиби за својата неспособност, неодговорност и безидејност во неиздржани обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.