ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар платила на 270.000 евра за незаконски ангажирани лица

Меѓу 35 и 44 лица во периодот од 2015 и 2016 година биле ангажирани над Агенција за привремени вработувања во Општина Центар кои директно се плаќале со пари на граѓаните, што го констатирал Државниот завод за ревизија каде експлицитно се вели дека ова не е во согласност со одредбите од член 4 од Законот за агенциите за привремени вработувања, обвини во понеделникот Јулијана Димески советничка од опозициска ВМРО-ДПМНЕ.

Димески го презентираше пред новинарите Ревизорскиот извештај, кој покажува дека само во 2016 година во владеењето на градоначланикот Андреј Жерновски се исплатени 16.686.000 денари или околу 271 илјади евра пари на жителите на Општина Центар.

„Државниот завод за ревизија констатирал дека: отстапените работници на општината од страна на Агенцијата не се ангажирани за замена на привремено отсутен работник, привремено зголемен обем на работа,с езонска работа, работа на проекти, неспецифични неконтиунирани работи и непредведени краткотрајни активности туку за вршење на редовни работни задачи предвидени со Правилникот за систематизација на работните места, а дел од нив се поставени на раководни работни места“, цитираше советничкта од ВМРО-ДПМНЕ.

Истакна дека, исто така, Државниот завод за ревизија констатирал дека привремените вработувања не се во согласност зо законот, укажуваат на намалена транспарентност при вработувањето, субјективност во изборот на лица и повластената положба на нивното ангажирање.

„Ова е доказ дека СДСМ се однесува кон Општината како да е нивна приватна фирма. Го прашуваме градоначалникот Саша Богдановиќ кои се овие луѓе, како се избрани, по кој критериум со какви работни обврски и зошто општината има потреба од толкав број на луѓе за кои нема потреба од нивно ангажирање. Исто така, сакаме да прашаме дали некој ќе понесе одговорност за кршење на законот и за ваквиот начин на вработување“, рече Димески истовремено повикувајќи ја трудовата инспекција и сите надлежни служби да го проверат начинот на вработување во Општина Центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.