Политика

ВМРО-ДПМНЕ организира Академија на тема „Јавно говорење“

ВМРО-ДПМНЕ организира Академија на тема „Јавно говорење“

ВМРО ДПМНЕ и пратеничката Исмајлоска Нола денес во Струга организираа академија за градење капацитети на младите кои и покрај тоа што се муслимани, се дел од македонската нација. Со благодарност до партијата и до премиерот Никола Грувски кој јасно ја покажува својата поддршка за вакви и слични иницијативи и младински развој, ги поздрави сите присутни.

Збор зедоа и пратеникот Алим Билали, пртседателот на УМС Владимир Нелоски и членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ г. Антонио Милошоски. Г. Билали ги охрабри учесниците во нивните желби, споделувајќи ја својата долгогодишна активност во партијата и својата успешна приказна. На истото се надоврза и г. Нелоски кој се заблагодари за честа да присуствува на Академијата, ја поддржа и истакна дека стекнатите контакти се една од најубавите работи кои покрај знаењето и можностите се стекнуваат низ вакви случувања.Г. Антонио Милошоски сподели дел од своите многубројни искуства во односите со јавноста, им претстави дел од историјата на партијата и својата поддршка. Смета дека е многу корисно што ВМРО ДПМНЕ органзира настани посветени на обуки за јавен настап на поактивните членови на партијата и дека му е особено драго што најголем дел од учесниците веќе ги познава како луѓе кои му помагале во тек на изборите во ИЕ 5 во многу места кадешто живеат муслимани кои зборуваат македонски јазик.

Учество зедоа 25 млади од Македонија со муслиманска вероисповест кои говорат македонски јазик од различни региони на Република Македонија, Дебарскиот, Тетовскиот, Приелпскиот, Струшкиот и Реканскиот.

Истакнато е дека идната обука ќе биде отворена преку процес на аплицирање а ќе се оддржи за веќе 2 месеци и ќе биде континуитет. Како што истакна пратеничката Исмајлоска, муслиманската религија не е ексклузивно право на други нации, дека има и македонци, на што додаде дека тие се прифатени од партијата и дека овие млади луѓе може да бидат дел од значајни партиски и државни структури.Покрај тоа се планира издигнување на оваа Академија во неколкудневни настани на различни теми релевантни за младите која ќе биде отворена за сите, без разлика на пол, вера и нација.