Македонија,Политика

ВМРО ДПМНЕ организира бесплатни курсеви по англиски јазик за своите членови

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ организира бесплатни курсеви по англиски јазик за своите членови. Целта на ваквите обуки е да се излезе во пресрет на реалните потреби на граѓаните кои се членови на партијата и да им се помогне на оние кои се без работа во процесот на вработување.

Според информациите, идејата е сите заинтересирани членови и активисти да посетат неколку месечна обука за англиски јазик која ја овозможува самоиницијативно партијата, со што членовите кои ќе ја посетат обуката ќе се стекнат со знаењата на јазикот и ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот, имајќи ја во предвид потребата од познавање на овој јазик.

Ваквите курсеви се бесплатни и ќе траат 6 месеци почнувајќи од септември. Имено, обучувачи и предавачи ќе бидат професори по англиски јазик кои се членови на самата партија, а обуките ќе се вршат во рамките на самите партиски простории, општинските и месните комитети.

Ваквиот начин кој преставува новина за македонската политичка сцена е пракса во други држави и преставува следење на позитивните искуства на повеќе политички партии од Европа. Слични обуки правеле и германската ЦДУ, партиите во Шведска, Норвешка, Естонија, како и во Словенија.

Генералниот секретар на партијата Емил Димитриев информира дека целта на ваквите обуки е да се излезе во пресрет на реалните потреби на граѓаните кои се членови на партијата и да им се помогне на оние кои се без работа во процесот на вработување.

-Се разбира има и такви кои самоиницијативно се приклучуваат кон искористувањето на оваа можност која преставува добра прилика бесплатно да се стекнат со нови знаења, вели Димитриев и додава дека интересот е задоволителен и досега се имаат пријавено околу 4000 апликанти со тенденција таа бројка да дополнително да порасне. Имајќи го во предвид досегашното позитивно искуство од оваа активност партијата има во план да продолжи со слични активности. Ова преставува новина и грижа за членството на кое се излегува во предвид на неговите потреби, информира Димитриев.

Сите заинтересирани може да се информираат и да се пријават за изучување на англискиот јазик во рамките на месните и општински комитети на партијата. Доколку е потребно, на некои места ќе бидат ангажирани и приватно професори по англиски јазик од приватни училишта.