ВМРО-ДПМНЕ: Османи манипулира со јавноста за планираниот генерален избор на судиите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервјуто за Радиот Слободна Европа залудно се обидува да лаже и да ја манипулира јавноста дека граѓаните лошо го разбрале премиерот Зоран Заев за генералниот реизбор на судии што планира да го реализира, реагираа во неделата од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, како во 1997 година кога во една минута промени 617 судии“, се посочува во соопштението.

Стенува збор, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ за „криминална акција“ на Заев и СДСМ кои сакаат да ја спроведат, за да нема ниту еден судија кој ќе го гони лидерот на СДСМ за случаите во кои бара стотици илјади евра поткуп од бизнисмени од позиција на градоначалник на општина Струмица.

„Показател за овој план на СДС е Фркчовистичкиот совет за реформи во судството преку кој Заев ќе се обиде да инсталира стотици нови ‘Катици’ со цел да има целосна контрола на правосудниот систем и да врши политички прогон на своите неистомисленици“, забележуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Љубомир Фрчкоски кој во владите на СДСМ своевремено беше министер за наворешни работи а како министер за внатрешни работи претходно се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби, во овој совет се наоѓа и претседателката на Комисијата за политички систем на СДСМ, Маргарита Цаца Николовска на која ѝ е дадено овластување да го реформира судството по теркот на Заев, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се додава дека премиерот во истиоот совет за реформи на судството ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа кои заедно со Заев учествуваа во таканаречената „Шарена револуција“ кога заедно фрлаа со боја врз државните институции.

Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата, се потсетува.

„Јасно е дека СДС нема намера да работи на натамошно засилување на судската власт како независна. Заев и СДС сакаат повторно да воспостават строга партиска контрола врз судството за да може докрај да го инсталираат режимот во кој партијата ќе стане држава, а државата партија“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа потсетуваат дека Заев јавно изјави дека не го признава судството кое го гони за поткуп па затоа му требаат луѓе како „лустрираниот Фрчкоски да глумат непартиски експерти“ и да кажат дека СДСМ мора да направи реизбор на судиите и да намести стотици партиски послушници во сите судови кои ќе ја спроведуваат политичката агенда и нарачките на Заев и неговите партнери.

„Овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев. Со ваквиот партиски совет на СДС, Зоран Заев сака свои послушници во судството кои ќе го спроведуваат политичкиот прогон на неистомислениците и политичките противници од ВМРО-ДПМНЕ, за да можат Заев и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов“, се заклучува во реакцијата.