четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме определени на стратешките приоритети како НАТО и ЕУ

И на последниот самит на НАТО во Варшава беше повторено дека единствената пречка за членство е спорот кој Грција го наметнува, се додава во реакцијата

вмро-дпмне

Поврзани вести

ВМРО – ДПМНЕ попладнево реагираше на прес-конференцијата на СДСМ за Самитот на НАТО во Варшава и обвинувањата дека власта ја оддалечува државата од евроатлантските процеси.

Во реакцијата се истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ останува трајно определена за стратешките приоритети како НАТО и ЕУ.

– Максим Димитриевски и СДСМ веројатно се единствените во Македонија кои не можат јасно да видат дека Македонија не е член на НАТО алијансата само поради противењето на Грција, нејзините уцени и нејзиното вето, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

И на последниот самит на НАТО во Варшава, се додава во реакцијата, беше повторено дека единствената пречка за членство е спорот кој Грција го наметнува.

Најчитани вести