ВМРО-ДПМНЕ остро го критикува настанот околу новинарот Борјан Јовановски

Вчера во домот на новинарот  Борјан Јовановски бил донесен венец кој се корисити за погреб. Венецот со натпис „последен поздрав“ бил предаден од непознато лице на сопругата на Борјан, Амернис Нокшиќи.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудија овој настан. Од партијата потенцираат дека ваквите настани се целосно неприфатливи како за новинарот и неговото семејство, така и за целокупната атмосфера во државата.

-Во последните месеци видовме повеќе настани во кои новинари беа изложени на местенки, смени од позиции во нивните медиуми, забрани на емисии, физички напади и навреди. Сето тоа штети на новинарството, но и на државата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата повикуваат институциите многу одговорно да ги истражат овие настани за да не се дозволи било какви обиди на местенки и манипулации со чувствата на јавноста.