ВМРО – ДПМНЕ со осуда за инцидентот во Клинички

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува грозоморниот чин во кој денес беше нападнат медицински перонал и пациенти на Клиничкиот центар во Скопје.

Преку писмено соопштение од владејачката партија побараа сторителите на овој криминален акт да бидат изведени пред лицето на правдата и соодветно да бидат санкционирани.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува грозоморниот чин во кој денес беше нападнат медицински перонал и пациенти на Клиничкиот центар во Скопје. Бараме сторителите на овој криминален акт да бидат изведени пред лицето на правдата и соодветно да бидат санкционирани.

Повикуваме сите политички и општествени субјекти да го осудат овој настан и да не го злоупотребуваат во политички цели. Истовремено бараме да престане инструираната политичка и медиумска хајка која неколку месеци по ред се води од страна на СДСМ и соросовите медиуми против медицинскиот персонал и здравствените установи, бидејќи на тој начин се генерализира и девелвира работата на здравствените работници. СДСМ и нивните медиуми треба да бидат свесни дека нивната црна кампања може да доведе до немили настани како денешниот.

Се солидаризираме со Лекарите и медицинскиот персонал и даваме поддршка за секоја иницијатива за подобрување на условите во кои ја вршат нивната благородна дејност.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на унапредување на здравствениот систем во државата. Токму во тој сегмент се вложени над 100 милиони евра во нова опрема, уште 100 милиони евра во реконструкција и изградба на нови објекти, постојана едукација во странство на медициснкиот персонал, намалување на цените во здравството се со цел да се обезбеди поголем пристап до здравствените услуги, поголем квалитет и подобрени услови за работа.