ВМРО-ДПМНЕ со осуда за терористичкиот напад во Франција

ВМРО-ДПМНЕ го осудува монструозниот терористички напад кој што вчера се случи во Франција, во кој што жртви беа стотици невини луѓе, се вели во соопштението што владејачката партија го упати денес до јавноста.

Ова преставува удар не само за Франција и францускиот народ,  туку и удар кон демократските вредности и слободата. Нашите мисли се со францускиот народ затоа што Македонија најдобро ја разбира ваквата болка. Македонија сочустувава со жртвите од терористичкиот напад во Париз, затоа што и самите сме положиле голем број жртви во справувањето со тероризмот, се вели понатаму во соопштението.