ВМРО ДПМНЕ:Oткога Коневски е градоначалник,не е потрошен ниту еден денар за набавка на возила

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавата на советничката група на СДСМ од Општина Аеродром, во кои го напаѓаат градоначалникот Коневски за набавка на возило бидејќи изобилува со лажни информации и манипулации.

„Би сакале да потенцираме дека во минатите години Општина Аеродром превзема активности од полза на граѓаните во сите сегменти на нејзините надлежност.Реновирани се сите училишта во Општина Аеродром.Реновирани се сите градинки во Општина Аеродром.Реновирани се сите спортски сали во основните училишта во општината.Изградена е нова градинка, изградено е ново училиште, изградена е нова училишна сала.Се гради спортските центар Јане Сандански, кој ќе биде модерен и репрезентативен.Изградени се десетина паркови на територија на целата Општина,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека од кога е градоначалник на Општината не е потрошен ниту еден денар за набавка на возила, што за жал не е пракса на градоначалниците од СДСМ.

„Тоа што е обезбедено возило од Владата на Република Македонија значи заштеда на средствата на граѓаните заради тоа што не е потрошен ниту еден денар за таа намена.Наместо да измислуваат бесрамни напади и неосновани конструкции, ги повикуваме колегите од СДСМ конечно да разберат дека граѓаните бараат работа и резултати, а не ниски игри, сплетки, подметнувања и манипулации,“ се вели понатаму во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.