ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите со ретки болести се принудени од странство на сопствена сметка да набавуваат лекови, власта си игра со животите на луѓето

Намалени цените на нови 282 лекови

Половина година СДСM и исто толку време трае голготаата за пациентите со ретки болести, бидејќи власта се однесува крајно неодговорно кон пациентите со ретки болести, кои со доаѓањето на СДСМ на власт се соочуваат со недостиг од лекови, обвинуваат во петокот од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата преку соопштение велат дека пациентите болни од ретките болести како цистична фиброза, скапите лекови се принудени да ги набавуваат од странство на сопствена сметка, додека оние кои немаат средства да ги набават овие скапи лекови се оставени да преживуваат без нив.

„Скандалозно е Министерството за здравство во XXI век да не може да обезбеди нормален дотур на медикаменти неопходни за животот на луѓето болни од цистична фиброза. Власта си поигрува со животите на болните. 6 месеци здравството е во хаос. Нема лекови ни за биолошко лекување на рак, кои пациентите исто така се принудени да ги снабдуваат приватно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во здравството владее општ хаос, а нема никаква реакција од владата. Од таму порачуваат дека на владата и е побитно да се задолжува за една милијарда евра и да ги пренасочува средствата за зголемување на патните и дневни расходи, отколку здравјето на луѓето.

„Заменикот министер Гоце Чакаровски и државниот секретар Владимир Милошев од СДС исто така молчат и не превземаат ништо во насока на помагање на нашите сограѓани болни од овие болести. Владата, министерството за здравство, како и Чакаровски и Милошев мора да сносат одговорност за ова неодговорно однесување и поигрување со животите на болните од ретки болести“, се вели во соопштението на партијата.