понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 23

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката во СДСМ расте, се ближи сигурниот пораз

vmro-dpmne-2

Последни вести

Како што се ближи сигурниот пораз на СДСМ на изборите, расте и паниката во нивните редови па продолжуваат со очајничките потези и срамното однесување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, партијата која во само еден ден смени и избра 617 судии и повеќе од сто обвинители, нема кредибилитет да зборува за партиските влијаниа врз правосудството.

СДСМ своите искуства за поврзаноста на партијата и судството сигурно ги црпи од примерите како уставниот судија Наташа Габер Дамјановска која е сестра на Виктор Габер од СДСМ, или преку Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

За да воспостави контрола врз судството СДСМ преку своите невладини експоненти упати срамни закани до уставните судии, најавувајќи им дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци ако не се покоруваат на директивите од Бихаќка. Така СДСМ го замислува функционирањето на правосудството.

Во 2009 година СДСМ 2009 беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес СДСМ 2016 е ЗА измените во законот за помилување. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ го менува својот став во зависност од тоа дали на чело на државата имаат претседател кој може да аболицира криминалци како Зоран Заев.

За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија.

Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија. Срамот на СДСМ ќе му стои засекогаш, но казната ќе го стигне наскоро. На 5-ти jуни граѓаните правосилно ќе му пресудат на СДСМ десетти пат по ред, стои во соопштението на владејачката партија.

Најчитани вести