ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот реваншизам на СДСМ докажува дека Заев владее со поделби, закани и уцени

Бакрачески како врвен професионалец, кардиолог, кој по враќањето на своето старо работно место како кардиолог е деградиран, понижуван. Деградирањето на Никола Бакрачески е доказ за партискиот реваншизам кој СДС го спроведува на секое ниво и секаде каде е на власт. На местото на професионалци докажани во својата работа се редат луѓе кои се неспособни, без компетенции само затоа што се со партиска членска книшка на партијата на власт. Затоа и системот не функционира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев докажува дека владее со поделби, закани, уцени.

„Додека се друго што вети и е врзано со економијата, реалниот живот и стандардот на граѓаните не исполнува, единствени две ветување на Зоран Заев кои се исполнуваат се „дека ќе брка од работа од чистачка до министер и дека ќе јаде живи луѓе“ како и „дека ќе ја свитка кичмата на државата во однос на името“. Ваквиот начин на управување ќе доведе до уште поголеми поделби кои се на штета на граѓаните. За сето ова ќе има одговорност, сите прекршувања се бележат, и ќе дојде време кога одговорноста ќе биде побарана, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.