ВМРО-ДПМНЕ: Петар Атанасов стравува од уште еден катастрофален пораз на неговиот СДСМ

СДСМ повторно лови во матно со лаги и манипулации. Очајот на Бихакќа е се поголем и поголем, а нивниот рејтинг се помал и помал.

Повеќе од јасно е дека интерниот министер за образование во редовите на СДСМ, ниту има елементарни познавања за областа која претендира да ја раководи, ниту пак има волја да поднаучи. Тоа го докажува со честите паушални прес конференции, на кои изнесува тотални невистини и смешни измислици, на кои ниту самиот тој не им верува.

ВМРО–ДПМНЕ чувствува обврска да му појасни на Петар Атанасов дека денеска говореше за еден од поголемите проекти на Владата содржан во програмата за работа до 2018 година, кој предвидува основање на Опсерваторија на вештини, на чиишто подготовки за имплементација во соработка со Светската банка и Европската тренинг фондација се работи уште од 2014 година и кој, на 26 јануари годинава беше јавно промовиран од страна на надлежните институции.

Вака реагираше денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Петар Атанасов од СДСМ, на која тој објави дека наводно се вршел притисок преку тоа што биле побарани име и презиме на ученици, број на мобилен телефон, мејл и адреса. Според него станувало збор за идни гласачи кои за прв пат ќе гласаат оваа пролет.