Македонија

ВМРО- ДПМНЕ: Петковски го гризе совеста

ВМРО- ДПМНЕ: Петковски го гризе совеста

Според партијата на власт Тито Петковски го гризе совеста за нешто што само тој го знае. Како што се нагласува во соопштението од владејачката партија, тој е еден од луѓето кои беа најгласни против лустрацијата.

Процесот на лустрација беше демократска обврска на Република Македонија, а со поддршка на европските институции. Единствени противници на лустрацијата во Македонија беа луѓе и партии кои очигледно имаат нешто да скријат од очите на јавноста, веларт од владејачката ВМР – ДПМНЕ во денешното соопштение упатено до јавноста.

Тито Петковски е еден од луѓето кои беа најгласни против овој нормален, демократски и европски процес. Веројатно Петковски го гризе совеста за нешто што само тој знае.  Лустрацијата беше процес преку кој излегоа на виделина голем дел од скриените и непознатите информации како во минатото на граѓаните им биле одземани основните права заради различни политички и идеолошки убедувања.  НСДП и Тито Петковски сакаат да ги претстават како жртви оние кои кодошеле, а со тоа во исто време им нанесоа нова казна на оние кои биле затворани и прогонувани заради желбата Македонија да биде самостојна и демократска држава, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Според владејачката партија Тито Петковски денеска кажа дека тој ги поддржува кодошите, а не жртвите на претходниот систем. Како што велат оттаму, во тие жртви сите се бореле за Македонија, а не за своите кариери и своите банкарски сметки, како што тоа го прави Петковски.

Македонија им должи на личности како Методија Андонов – Ченто, Живко Чинго, Павел Шатев, Панко Брашнаров, Ристо Шишков, Владимир Полежина, Драган Богдановски и илјадници други кои беа затворани, тепани, преселувани и обесправувани. Нив штета им нанесуваа луѓе како Тито Петковски, велат од партијата на власт.

Од ВМРО – ДПМНЕ апелираат до НСДП да престанат да ја замајуваат јавноста преку класично извртување на вистината, односно преку злоупотреба на процесот на лустрација за добивање на ситни политички поени и додворување на оние кои што преку процесот на лустрација се докажа дека нанеле ограмна штета на голем број недолжни граѓани и нивните семејства.