ВМРО – ДПМНЕ: Поддржуваме нова истрага за смртта на Младенов

Од ВМРО – ДОМНЕ се заблагодарија на денешната прес конференција во СДСМ,  затоа што, како што се вели во соопштението, дури и со вакви монтирани и сечени материјали конечно се негиграат сите шпекулации, дезинформаации и лаги  кои што јавно или полу јавно луѓе од СДСМ или нивни приврзаници ги ширеа дека власта учествувала во било каква смисла во трагичната несреќа во која загина Никола Младенов.

„ВМРО-ДПМНЕ поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов. Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти-како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница. Денешниот прес на Зоран Заев  на кој што повторно пушташе сечени и креирани материјали е класична злоупотреба на трагичната смрт на човек, исто како што направи во случајот со расчистеното убиство на Мартин Нешковски“, велат од владејачката партија.

Од партијата на власт уште еднаш повторија дека нема да дозволат психозата која сака Зоран Заев да ја наметне на јавноста да биде прифатена од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ поддржува нова истрага веднаш во рамките на позитивните закони и институции.

„Да потсетиме дека СДСМ и нивните медиуми и новинари две години шират илјада различни теории на заговор во врска со овој трагичен настан и врз основа на тие теории градеа позиции за политичка корист за себе и својата партија. Две години не обвинуваа, а денес сами докажаа дека лажеле и користеле смрт на човек за политички цели. Тоа говори за нив. Нека им служи на чест“, стои во соопштението.

Воедно втор пат ги повикаа граѓаните да ги слушнат снимките и сами да заклучат и да ја видат лагата во воведите кои Зоран Заев усмено ги прави пред да ги пушти снимите.

Ги повикаа да ги слушнат материјалите кои Заев ги пушта  и да не се потпираат на насловите и прераскажаните стории на нивните портали кои што имаат со цел да  манипулираат со чувствата на граѓаните и да ги прикажат работите во погрешен контекст.