среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 38

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерката Царовска поради стратегијата за бегалците

Интерпелација за работата на министерката Мила Царовска е поденсена за да дојде во ова Собрание да ги образложи нејзините проекти и да ја образложи оваа стратегија, да ги вкрстиме аргументите и едноставно да дебатираме кој е оној којшто треба да има приоритет во програмите, средствата и Буџетот на Владата на Република Македонија, истакна Ѓорчев

gjorcev640

Поврзани вести

Целосно се запоставени потребите на граѓаните на Македонија во т.н. Национална стратегија за мигранти, бегалци и странци на владата на Заев, сметаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ кои во вторникот до Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација за работата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Претходно во понеделникот пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која има најмногу – 51 мандат во Собранието, поради лошото справување со пожрите во земјата и другите проблеми на земјоделците поднесе интерпелација за уште еден министер од СДСМ, за министерот за земјоделие, Љупчо Николовски.

Причината за тоа се два документа, едниот е Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027, а вториот е Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година. Министерката за труд и социјална политика ниту ги консултираше граѓаните, ниту граѓаните се запознаени, ниту се консултирани општините, ставени се пред свршен чин, а тука ваков стратешки долгорочен документ за иднината на Република Македонија се протуркува без одобрување на граѓаните. Уште еднаш станува збор за стратешки докумнети за иднината на Република Македонија, за проекти кои што ќе значат енормни трошоци во милјарди евра во наредните десет години во делот на сместување, градење на згради и населби за мигрантите низ повеќе општини во Република Македонија, онака како што е напишано во нивната стратегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработувањето, тоа ќе значи енормни трошоци во делот на социјалните програми, средства кои што Република Македонија ги нема и ресурси кои што се ограничени, истакна Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сметаат дека ресурсите и буџетот на Република Македонија првенствено и примарно треба да бидат искористени за потребите на граѓаните на Република Македонија.

Ние повеќепати побаравме од Владата на Зоран Заев и министерството за труд и социјална политика да ја повлечат оваа стратегија, да го повлечат овој акционен план, но тоа не го прават. Вие сте сведоци, дека досега изминатва недела имавме три продолженија на Комисијата за труд и социјална политика во ова Собрание, имавме три продолженија на јавната расправа. Министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ниту еднаш не дојдоа да образложат оваа стратегија и овој акционен план со 71 прокет во 2017 година, а јавно повеќепати соопштија дека ја поддржуваат оваа стратегија. Тоа го направија на 21 јули во Штип каде што во својата изјава и министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ја кажаа нивната полна поддршка за оваа стратегија и овој акционен план во делот на мигранти, бегалци и странци во Република Македонија. Уште еднаш од тие причини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат интерпелација за работата на министерката Мила Царовска да дојде во ова Собрание да ги образложи нејзините проекти да ја образложи оваа стратегија да ги вкрстиме аргументите и едноставно да дебатираме кој е оној којшто треба да има приоритет во програмите, средствата и Буџетот на Владата на Република Македонија, истакна Ѓорчев.

Република Македонија, рече Ѓорчев, има 218 илјади невработени лица, невработеноста во изминатиот период и тоа како падна но и понатаму бројката е голема- зборуваме за 22,9 отсто невработеност и 218 илјади луѓе коишто се уште се навработени.

Голем број граѓани на Република Македонија го немаат решено нивното станбено прашање, а тука во акциониот план во делот на домување се предвидуваат најмалку сто локации за изградба на згради за колективно домување во делот на мигранти, странци и бегалци. Тие средства и тие ресурси треба да бидат насочени кон граѓаните на Република Македонија. Значи тоа се околностите за кои што зборуваме, тоа се иницијативите кои што ги поднесуваме. Јас само на крајот би додал дека ние имавме минатата недела ребаланс на Буџетот од Владата на Република Македонија каде што сите ставки се кратат освен во делот на вработувањата кои што секојдневно ги гледаме во Владата и министерствата. Се кратат ставки за универзитетите во Република Македонија, се кратат ставки за пензионерски домови, се кратат ставки за изградба на патишта, се кратат ставки за изградба на основни и средни училишта, се кратат ставки за изградба на водоводни и канализациони мрежи и спортски сали. Се кратат средства за инсулинска терапија, се кратат средства за заболените од туберколоза и еден куп други ставки, гледаме дека Владата на Република Македонија предвидува 71 проект во нивниот акциски план во делот на мигранти, странци и бегалци. Значи уште еднаш за Владата на Република Македонија, граѓаните на Република Македонија да бидат приоритет, заклучи Ѓорчев.

Најчитани вести