ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за доплна на Законот за водостопанство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во вторникот во собраниска процедура поднесуваме Предлог на закон за дополнување на Законот за водостопанство, кој произлезе од постојаните средби со граѓаните кои се судираат со проблемите во оваа сфера, информираше пратеникот Никола Мицевски.

„Од константните средби со граѓаните наидовме на проблем којшто ни беше посочен во постојниот Закон за водостопанство, а е резултат од формирањето на АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје. Од информациите на терен кои што ги добивме, одредени земјоделци се самоорганизираат и си формираат водни заедници со сопствени средства, односно изградија систем во кој набавија пумпи, црева, распрскувачи и слично“, појасни Мицевски.

Според него, во текот на средбите им било посочено дека постојниот Закон За водостопанство кој предвидува овие приватни здружени водокорисници односно имот и опремата да бидат преземени и со нив да стопанисува АД “Водостопанство на Република Македонија, Скопје“.

Поради тоа, појасни Мицевски, овие дополнувања на Законот за водостопанство предвидуваат да не се врши преземање на овие правни субјекти, туку да склучат договор за размена на податоци и други услуги во интерес на водостопанството.

„Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство кој што денес, се предлага и има за главна цел АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје да не ги превземе и да не стопанисува со системите за наводнување кои се на опфат не помалку од 50 хектари и со не помалку од 100 водокорисници или сопственици на земјоделски земјиште и се наоѓаат на приватно земјоделско земјиште, а истите се изградени со сопствени средства на корисниците кои се здружени во земјоделски задруги или други правни субјекти, за кои има целосна проектна документација, решение за водостопска согласност и одобрение за градење на системите“, објасни пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски рече дека смета оти со овие дополнувања на Законот за водостопанство, ќе се придонесе за заштита на сите земјоделци кои се решиле да се организираат во земјоделски задруги односно во случајот во водни заедници која што сопственост на опрема, системот е целосно приватна и истовремено сметаме дека ова ќе значи поттикнување за кревање на свеста кај земјоделците за здружување воз емјоделски заедници кои претставуваат позитивни примери во повеќето европски земји.

„Како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ‘За подобра Македонија’ имаме обврска барањата и проблемите на граѓаните да ги решаваме и со самото тоа да го подобруваме нивниот живот. И во иднина ќе продолжиме да да ги пренесуваме и јасно да ги кажуваме барањата на граѓаните и задно да ги решаваме сите проблеми коишто ќе се појавуваат во иднина“, рече Мицевски.