ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон со кој драстично ќе се намалат трошоците за извршување

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ веќе го поднесе по скратена постапка е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување, подготвен од колегата Панчо Минов, но поднесен од сите нас со кој што предлагаме драстично изменување во делот на Законот за извршување со што ќе се намалат превисоките трошоци за извршување кои што ги плаќаат граѓаните на Република Македонија, изјави денес на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Димовски нагласи дека со овој закон се излегува во пресрет на близу 300 илјади граѓани кои што имаа ваков тип на проблеми. Тој напомена дека доколку денес овој закон се изгласа во иднина трошоците од камати и извршители нема да можат да можат да ја надминуваат главницата на долгот.

„Овој закон ќе се однесува на околу 300 илјади граѓани на Република Македонија со кои што ќе им помогнеме, сметките, процесите и предметите за сметките за струја, вода, телефон и други комунални услуги да не можат трошоците во процес на извршување и наградата која што ја добиваат извршителите и каматите кои што би ги платиле по овие сметки никако да не го надминуваат износот на главниот долг. На тој начин ќе се ограничат можностите на извршителите, на комуналните претпријатија и на другите понудувачи на јавни услуги преку процесите на извршување да симнуваат од сметките на граѓаните енормни средства. Ако овој закон Собранието на Република Македонија го донесе денеска, од денеска па натаму, ниту една сметка за извршување нема да може да го надминува главниот долг кои што го имаат граѓаните по основ на комунални услуги“, додаде Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.