ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата на Спасовски активно учествува во сите нерегуларности на СДСМ кои го покажуваат нивниот страв од пораз

Бидејќи Оливер Спасовски лаже и манипулира што не се прави во МВР, ние ќе му кажеме што се прави во МВР со сигурност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

Партиската полиција на СДС грубо се злоупотребува во изборни цели. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше пресретнат малтретиран со вперено оржује без било каква причина, а до сега нема утврдено одговорност за било кој припадник на МВР.

Се поднесуваат фиктивни кривични пријави против градоначалници исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ кој се продукт на политичка хајка водена од СДС и политичките структури на СДС во МВР.

Секојдневно како плод на нервозата од слабата поддршка од граѓаните се вршат притисоци од полицијата и заплашувања.

Полицијата на Спасовски уште нема расветлено за тоа кој стои зад бомбата фрлена во дворот на активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата на Спасовски уште нема расветлено кој стои зад кршењето на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода како и на штабот на Демократската Партија на Србите во Македонија

Полицијата на Спасовски ги ослободи криминалците Красниќи и Бајруш додека како мега приведувње го прикажа приведувањето на Едмонд Темелко кој е со животно загрозено и нарушено здравје.

Полицијата на Спасовски активно учествува во сите нерегуларности на СДС кои го покажуваат нивниот страв од пораз, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.