ВМРО-ДПМНЕ порачува дека долгот со новата власт секојдневно расте и дека државата не е партиска фирма на СДСМ

Владата на СДСМ секојдневно ги задолжува граѓаните за 1.7 милиони евра, а згора на тоа, оваа антиреформската влада со ребалансот на Буџетот предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра, а тоа е повеќе од планираното, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДМПНЕ.

„Долгот откако СДС дојде на власт не престана да расте. Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлиле долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористиле и обврски кои се уште не се доспеани за наплата.

Дури Тевдовски за само неколку дена успеа да создаде и долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи.

Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваква економија. Граѓаните сакаат да имаат увид каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толку огромни суми на пари.

Време е владата на СДС да одговори на народот дали тие пари ги планираат за луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници. Или, пак, ќе ги исполнат дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите“, се вели во реакцијата на соопштението на СДСМ.

Во врска со соопштението за партизирањето на државната админситрација, за што на прес-конференција зборуваше Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ, партијата порачува дека СДСМ и премиерот Зоран Заев треба што поскоро „да излезат од филмот дека државата е нивна партиска фирма и дека можат да прават што сакаат“.

„Наместо реформа и департизација, како што најавуваа пред изборите, сведоци сме токму на спротивното, вработувањето на така наречените шарени револуционери и борци за демократија, партиски послушници се секојдневие за новата антиреформска влада на Заев и СДС.

Наместо подобар живот што им го ветуваа на граѓаните и структурални реформи, гледаме дека во првите педесетина дена, освен вработувања на партиски војници и здомување на убави позиции на децата на коалиционите партнери, за други реформи немаат време.

Стотици милиони денари од Буџетот секоја година наместо да се трошат за нови училишта, за болници и градинки, Заев ќе ги троши за вработувања на партиски војници и профитери од граѓанскиот сектор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Зоран Заев со ваквата политика на неодговорно и недемократско владеење, многу бргу ќе го чујат судот на народот, кој ќе ги казни на наредните локални избори, поради погубните потези кои ги преземаат во државата и затоа што работат спротивно од интересот на граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.