ВМРО-ДПМНЕ: Поради стравот од гневот на граѓаните Заев бега од избори

Доколку СДСМ не се плашеше од гласот на македонските граѓани и доколку на нивниот лидер Зоран Заев нивната волја му беше поважна од обврските кон нарко-дилерите и сите кои го негираат македонскиот идентитет, веќе ќе почнуваше кампањата за предвремените парламентарни и локални избори.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ во соопштението од четвртокот ја потсетува јавноста дека доколку, како што велат криминогеното раководство на СДС“ имало доблест и пред македонските граѓани и избирачи го поставеле прашањето за Тиранската платфрома, наместо постизборно да ја подметнува, во овој период веќе ќе се водеа дебати за штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата.

„Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза.

Наместо храбра и државничка политика, криминалецот Заев одбра да се спасува од кривична одговорност и да ги прифаќа сите уцени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата којашто на предвремените парламентарни избори освои најмногу мандати во парламентот го обвинува претседателот на социјалдемократите, дека исто така ги премолчува навредите коишто се упатуваат на адреса на македонските граѓани и негирањата на македонскиот идентите.

„Криминалецот Заев одбра да молчи за сите навреди и негирања на македонскиот идентитет. Криминалецот Заев одбра да воведува двојазичност на целата територија и да ги менува парите и униформите. Криминалецот Заев одбра да го осуди сопствениот народ за геноцид и да дебатира за промена на химната, грбот и знамето. СДС одбра да молчи бидејќи фактурата која што треба да ја исплатат е голема, а сакаат да ја исплатат преку продавање на националните и државни интереси.
СДС молчи, но народот не молчи. Народот секој ден излегува на улици со јасна порака Македонија не е на продажба. Со Македонија не се тргува. Македонија народот ја сака како унитарна држава“ се додва во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека граѓаните очекуваат реални мерки за подобра иднина, а не платформи од туѓи држави.

„Народот бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДС како се сака Македонија. Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди!“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.