ВМРО-ДПМНЕ со повик до членовите: Донирајте за настраданите од поплавените подрачја

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови да донираат на жиро-сметката која партијата ја отвори за помош на настраданите од поплавените подрачја.

Владејачката партија го испрати својот апел преку социјалните мрежи каде е наведена жиро-сметката на која сите можат да донираат.