ВМРО-ДПМНЕ: Празничните денови нека донесат радост, топлина и спокој во секој дом

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Македонија им го честита големиот празник, Рожденство Христово- Божик.

„Празничните денови нека донесат радост, топлина и спокој во секој дом. Во овие празнични мигови да се присетиме на христијанските вредности на милосрдие, љубов, хуманост и толеранција кон нашите ближни, кон пријателите и нашите соседи. Светлоста на Божиќ нека биде водилка на секој од нас на нашиот пат кон личниот успех и среќа. Успехот на поединецот е и успех на државата. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божиќ,“ се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.