ВМРО-ДПМНЕ: Празнувањето на Пресвета Богородица значи празнување на семејството и семејните вредности

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест им го честита празникoт Успение на Пресвета Богородица.

-Денес сите православни христијани ги чествуваат мирот, мудроста и толеранцијата, вредности кои се силно вкоренети во нашата вера и традиција, вредности кои ни носат спокој и радост во душата. Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, нека овој светол празник донесе љубов и среќа во секој дом. На вака голем ден да покажеме толеранција и разбирање, да научиме да простуваме и да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е клучот на патот до исполнет и спокоен живот, стои во честитката од владејачката партија.