Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на Ромите во мултикултурниот карактер е огромен

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на Ромите во мултикултурниот карактер е огромен

ВМРО-ДПМНЕ  на сите припадници на ромската заедница во земјава им го честита Светскиот ден на Ромите, 8 април.

„Ромската етничка заедница  е дел од културното, политичкото и економското живеење во државата. Нивниот придонес во изградбата на мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на Република Македонија е огромен. Сите ние работиме и се залагаме  да обезбедиме подобри културни, образовни, политички, економски и социјални услови за сите граѓани на земјава, вклучително и за Ромите“, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.