ВМРО-ДПМНЕ продолжува со проекти за поквалитетен животот на скопјани

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализацијата на проекти со кои директно се подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје на денешната седница ќе поддржи поголем број на одлуки со кои ќе продолжи праксата на реализација на проекти со кои се подобрува животот на граѓаните во Скопје, истакна Слободанка Алексовска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Во продолжение во го пренесуваме интегрално соопштението:

Со првата одлука, Советот на Град Скопје ќе одобри на Црвениот крст на град Скопје да му се доделат парични средства во износ од два милиони денари, кои ќе бидат всушност наменети за проширување на капацитетите за сместување на бездомни лица во пунктот за бездомници сместен во населбата Момин поток.

Минатиот месец, Градот Скопје, следејќи ги повиците на јавноста за откажување на организираните дочеци на Новогодишната вечер, реши да се откаже од оваа пракса и парите да ги донира во хуманитерни цели. Со оваа одлука ќе се прошири капацитетот на Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници кое овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување на хигиена и други психосоцијални услуги.

За потсетување, Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар, а во 2011-та година го отвори ова Прифатилиште за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници. Градот Скопје за набавка на сместувачки капацитети во 2011-та година издвои 1.400.000,00 денари и со отворањето на Прифатилиштето, капацитетите на постојниот Пункт на Црвениот крст се зголемија за 60  квадратни метри. Просторот е опремен сo 16 кревети, тоалети, кабина за туширање, кујна и други неопходни средства за функционирање на овој Пункт со што  може да одговори на потребите на овие лица.

На оваа седница, Советот на Град Скопје ќе расправа и за Одлуката за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, со која ќе продолжи опремувањето на противпожарната бригада во Градот Скопје. Со оваа одлука ќе се одобрат средства за набавка на 2 специјални возила, нови возила, механизација и специјална опрема која е од корист за противпожарната бригада на Градот Скопје.

Ова е уште една од големиот број на одлуки со кои се опреми и модернизира противпожарната бригада на Градот Скопје, која во изминативе 8 години набавени се поголем број на противпожарни возила, чамци за спасување, моторни пумпи за испумпување на големи количини на вода, специјална опрема, а вработени се и 45 нови пожарникари со што значително се подмлади просечната возраст на пожарникарите.

Во завршна фаза е и реализацијата на капиталниот проект за  изградбата на новиот објект на потстаницата на Противпожарната бригада во Општина Ѓорче Петров, кој ќе биде сместен објект во истиот објект со новата полициска станица. Со изградбата на новиот потцентар ќе се овозможат подобри услови за работа, подобро сместување за возилата, како и побрзи и поефикасни интервенции во случај на пожар. Противпожарната станица во новиот објект ќе добие простор од околу 600 метри квадратни, каде ќе можат да се сместат три противпожарни возила, а тука исто така ќе бидат сместени и лицата кои што ќе работат во оваа станица.

Почитувани,

Со овие одлуки и голем број на други одлуки, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да покажува како се работи за доброто на сите граѓани во Скопје и Република Македонија.

Македонија се сака со проекти и со конкретни дела со кои се подобрува квалитетот на жителите и граѓаните во Скопје.